Дознај повеќе за партнерите кои се вклучени во овој проект. Ние сме од Данска, Кипар, Северна Македонија, Португалија и Германија, и сме навистина среќни што можеме да ги претставиме нашите организации.
FO-Aarhus-Данска
Folke Oplysningsforbund – Aarhus (FO Aarhus, Организација за Јавно Информирање) е невладина, непрофитна организација основана во 1973 со цел да обезбедува неформално изучување за возрасните, како и советување за граѓаните на Архус. Организацијата има и свој избран Одбор на Гувернери кои се претставници на приватниот сектор, јавна администрација и формално и занаетчиско-образовен сектор. Воедно е и член на националната организација за јавно информирање, односно голема групација за 35 светски организации за јавно информирање, секоја со своја цел и експертиза.
Од самото формирање, FO-Aarhus се прошири во однос на опсег и програми: Главниот фокус е на образование за возрасни посебно за групи кои немаат предности, на пример бегалци и имигранти, невработени, луѓе со проблеми, пречки и предизвици во изучувањето, дислексичари, луѓе со ментални проблеми – со цел да се подобри нивниот квалитет на живот и да се интегрираат или реинтегрираат во општеството и пазарот на труд. FO-Aarhus го поседува и „FO-byen (FO City)“ – составен од неколку згради каде се одржуваат активностите, програмите, и проектите.
FO-Aarhus има широко и богато искуство со проектен менаџмент – како локален така и на ЕУ ниво. Има и широка мрежа на контакти, локални и национални институции, и FO-Aarhus исто соработува со нив за подобар ефект на проектите. Во мрежата на контакти е и Општина Архус (FO-Aarhus имплементира општествени проекти за општината); локални и национални институции за изучување – правење полиси и доставување на јавни услуги.
Општина Лусада – Португалија
Општината Лусада е институција за јавна администрација во северна Португалија. Територијата е делумно урбана, односно средина помеѓу рурално и урбано, и има околу 50.000 жители и тоа густо населени, но се соочуваат со многу еколошки предизвици. Затоа, од 2015та па досега, Лусада има имплементирано иновативна и пионерска агенда за одржливост, интегрирајќи ги сите видови на акционери во активно граѓанство: приватни компании, парохии, училишта, невладини организации, итн. Целиот едукативен систем се помести кон дејствувања за животната средина, со локални проекти како Lousada Charcos, BioEscola, Lousada Guarda RIOS, Gigantes Verdes, Plantar Lousada, BioLousada, Casa Ninho, меѓу другите. Исто така, на територијата се интервенираше со цел да се заштитат приоритетни области за зачувување на природата, контрола врз инвазивни видови и подобрување на запуштени области. Досега, преку 40 хектари на запуштена земја беа пренаменети како област за зачувување на природата, и беа посадени преку 65.000, но и специјално внимание беше насочено на нашите шуми. Сите трудови кон одржливост ја предводеа општина Лусада кон награда за Европска Трансформативна Акција 2019.
СИНТЕЗИС центар за Истражување и Образование
СИНТЕЗИС центарот за Истражување и Образование е пионерска организација која иницира и имплементира проекти со позитивно и општествено влијание, со фокус на општествена инклузија (конкретно за полиња како претприемништво, мигрантска интеграција, зајакнување, одржлив развој). СИНТЕЗИС е една од водечките институции во земјата и тоа во полињата на општествено претприемништво и општествена иновација. СИНТЕЗИС ја креираше и менаџира HUB NICOSIA, едукативен центар и заедница на организации со културални, општествени цели и цели насочени кон животната средина.
СИНТЕЗИС се фокусира пред се на Единици на Мигрантска Интеграција, Поддршка за Социјално Претприемништво, Младинско образување и образување за возрасни, Училишно образование, Истражување и Полиса, Стручно образование и обука, и претпријатија. Работење со акционери низ земјата, како и низ Европа, ние носиме иновации, пред се преку дигитални, онлајн, и мобилни алатки, со цел да се овозможи баланс меѓу знаењето (тешки вештини) и интерперсонални вештини и стимулирањње на нивото на вработливоста на секоја индивидуа.
ЕКО ЛОГИК – Република Северна Македонија
ЕКО ЛОГИК е непрофитна организација која е посветена на заштита и чување на природата, промовирање на модерни еколошки практики, како и мониторинг и промовирање на принципите на одржлив развој, со главен акцент на основно образование (основни училишта, формални и неформални). Нашата организација охрабрува и поддржува позитивни промени во општеството и тоа во форма на:
- Промовирање на екологијата како наука и промовирање на концепт за почисто производство, нагласувајќи го основното образование.
- Заштита и чување на природата и животната средина, како и дистрибуција на знаењата за животната средина и подобрување на еколошкото образување.
- Промовирање на принципот за одржлив развој и развој на ЗОТ (Занаетчиско Образовни Тренинзи), Програми за стручно образование и обука во одредена област.
- Креирање на „зелени“ работни места врз основа на концептот за одржлив развој.
- Организирање на специјално-креирани тренинг програми поврзани со одржлив развој (пр: цели на одржлив развој/SDGs, одржливост, советување за одржливост, цели на одржлив развој во социјално претприемништво, образовни кампови за Цели на Одржлив Развој (ЦОР), и проектни активности за персоналот на средните училишта како и учениците).
- Развој и тестирање на иновативни методологии за учење и изучување на темите на одржлив развој, Европски вредности, советување за одржливост, свесност за животната средина, и развој на општествени бизниси.
- Развој и вовед во едукативни друштвени игри на различни теми во формални и неформални услови (тренинг курсеви, училница, итн.)
- Развој и тестирање на алатки за иницирање дискусија меѓу младите и возрасните (општествени теми, Европски вредности, лични верувања, развој на одржливи заедници, итн.)
- Учество во креирање на првата национална програма за домашна нега и грижа на стари луѓе со Алцхајмер, во соработка со други национални организации.
- Исполнување и одржување на разни кампањи како кампањи за животна средина, права на работници, и други.
ЕКО ЛОГИК има богата позадина и искуство во работа со деца, млади и возрасни, со потенцирање на неформално образование и активности на различни теми. Од почетоците во 2011, организацијата се посвети на споделување и промовирање на знаења и информации на темите како животна средина, екологија и одржлив развој во основните училишта низ земјата, но и низ Европа. Еко Логик има богата мрежа на контакти со 150 основни училишта и 30 средни училишта низ Македонија. Исто така соработува и со Град Скопје (Оддел за Образование), Центар за Образование на Возрасни, како и со Биро за Развој на Образование.
Wisamar Bildungsgesellschaft gemeinnützige GmbH – Германија
Wisamar е непрофитен едукативен институт во Лајпциг, Германија, со дејствување во занаетчиско, културално, и образование за возрасни. Wisamar е акредитиран од TÜV како давател на образование и исто така од страна на Канцеларија за Миграција и Бегалци како Давател на Курсеви за Интеграција. Wisamar работи и во следниве области: пазар на труд и општествено интегрирање, понатамошно образование, ЕУ мобилност & Консултирање за Мобилност, како и Проектна Канцеларија за различни проекти помогнати од ЕУ.
Целта на организацијата е промовирање на образованието, толеранција и интернационален однос кон сите сфери на разбирање меѓу различни луѓе, култури, и едукација. Заедно со партнери од Лајпзиг-Хал регионот (Leipzig-Halle) како и од сите делови на Европа, ние сме посветени на заедничките Европски активности во образованието како и во регионалниот развој.