Теорија на Ијан Мекхарг за планирање во животната средина
Вовед
За да одговориме на растечките предизвици на 21 век, стана очигледно дека ни е потребен холистички, одржлив пристап кон урбаниот развој што го зема предвид одржувањето на здрав екосистем. Во 1969 година пејзажниот архитект Ијан Мекхарг(Ian McHarg) се залагал за еколошки пристап кон планирањето и развојот на градот, што сугерира дека еколошките системи и пејзажи треба да се анализираат, да се мапираат и да се приоретизираат со цел да се процени која локација е најсоодветна за градење на градот. Неговата теорија е релевантна сега повеќе од кога било додека ја продолжуваме борбата против климатските промени. За подетални информации за еколошкиот пристап на Ијан Мекхарг, прочитајте на страница 9-18 од наставната програма.
Активности
Со трите активности во модулот 1 од прирачникот (стр. 5-42) учениците ќе добијат основен вовед во теоријата на Ијан Мекхарг за планирање на животната средина. Тие се запознаваат со Ијан Мекхарг како личност и со неговата книга „Дизајн со природата“ преку раскажување приказни, играње улоги, сензорна игра и градење слоеви и згради со лего-коцки.
Галерија
Инспирирајте се од она како учениците од Македонија, Португалија, Данска, Кипар и Германија го замислиле одржливиот град на иднината. Посетете ја нашата галерија за модели изградени со лего-коцки што покажуваат резултати од нашите активности спроведени во минатото. Ако сте ги користеле активностите за вашите часови и сакате да ги инспирирате другите, добредојдени сте за да придонесете во галеријата. Испратете ги вашите слики со информации за тоа која активност сте ја правеле во кој контекст на activity@youngsters4ecocities.eu.
Квиз
Тестирајте го вашето знаење за оваа тема со нашиот квиз. За самооценување обидете се да одговорите на прашањата пред и по читање на целосниот модул.