Грижа за водата

Source: The water system in Nye, Denmark. Aarhus Vand.https://www.aarhusvand.dk/nye

Вовед

Водата е витален ресурс за животот на Земјата. Ова се однесува на човечкиот живот, како и на животинскиот и растителниот свет. Ако сакаме да обезбедиме иднина на оваа планета, треба да ја заштитиме еколошката рамнотежа во природата и добро да се грижиме за нашите водни ресурси. Ако продолжиме невнимателно да консумираме вода, природата не може да го издржи тоа и идните генерации ќе искусат недостаток на водни ресурси. Попречувањето на циклусот на водата може да предизвика природни катастрофи, што резултира со социјални, економски и еколошки последици. Со усвојување на принципите на еколошко планирање на градот, градовите ќе станат поотпорни на катастрофи и подобро ќе се грижат за светските екосистеми. За повеќе информации околу ова прочитајте од 60 до 77 страница во наставната програма.

Активности

Со трите активности во модулот 4, учениците ќе се запознаат со важноста на водата како главен предуслов за живот. Преку раскажување приказни, сензорна игра и градење со лего-коцки ќе добијат и основен вовед во појавите суша, поплави и загадување на водите. Најдете ги активностите од 83 до 127 страница во прирачникот.

Галерија

Инспирирајте се од она како учениците од Македонија, Португалија, Данска, Кипар и Германија го замислиле одржливиот град на иднината. Посетете ја нашата галерија за модели изградени со лего-коцки што покажуваат резултати од нашите активности спроведени во минатото. Доколку сте ги искористиле активностите за вашите часови и сакате да ги инспирирате другите, добредојдени сте да придонесе за галеријата. Испратете ги вашите слики со информации за тоа која активност сте ја направиле и во кој контекст на activity@youngsters4ecocities.eu.

Квиз

Тестирајте го вашето знаење за оваа тема со нашиот квиз. За самооценување обидете се да одговорите на прашањата пред и по читањето на целосниот модул.