Дрвја и шуми

Source: Photo by Robert Bye on Unsplash

Вовед

Шумите се сложени зелени системи, кои опфаќаат огромен опсег на интеракции помеѓу живите и неживите елементи. Околу 30% од копнената покривка на нашата планета е окупирана од шуми. Претставува широк спектар на екосистемски услуги за населението, како поддршка или регулаторни услуги. Тие се од суштинско значење за да го задржиме животот на нашата планета како што го знаеме. Затоа што луѓето експлоатираат многу шумски ресурси за да го подобрат комодитетот и квалитетот на населението, многу е важно шумите и зелените површини да се гледаат и како економско и социјално богатство. Градовите континуирано растат во однос на урбанизацијата, што ја зголемува потребата за одржување на зелените површини, единeчните дрвја и шумите околу и во градовите, со цел да се олесни позитивното управување меѓу интересите на луѓето и одржливиот развој. За подетални информации на темата прочитајте ги страниците од 19 до 36 од наставната програма.

Активности

Со трите активности во модулот 2 од прирачникот (стр. 43-55) учениците ќе добијат увид за важноста на шумите и природните живеалишта за градовите преку интерактивно учење базирано на игра, ученичко еколошко планирање на градот преку примена на лего-коцки. Пронајдете ги активностите за дрвја и шуми.

Галерија

Инспирирајте се од она што учениците од Македонија, Португалија, Данска, Кипар и Германија го замислиле за одржливиот град на иднината. Посетете ја нашата галерија за модели изградени со лего-коцки што покажуваат резултати од нашите активности спроведени во минатото. Ако сте ги користеле активностите за вашите часови и сакате да ги инспирирате другите, вие сте добредојдени да придонесете во галеријата. Испратете ги вашите слики со информации за тоа која активност сте ја правеле и во кој контекст на activity@youngsters4ecocities.eu.

Квиз

Тестирајте го вашето знаење за оваа тема со нашиот квиз. За самооценување обидете се да одговорите на прашањата пред и по читање на комплетниот модул.