Урбана мобилност, здравствени придобивки и поврзување човек-природа

Source: Illustration by Nicolas Bascop (https://www.nicolasbascop.com/)

Вовед

CГрадовите се значаен загадувач, а во исто време и жртва на климатските промени. Трансформацијата во урбаниот дизајн може да придонесе градовите да станат поотпорни на ефектите од климатските промени, а во исто време да ги зголемат капацитетите на градовите за снаодливост. За градовите да се донесат на патот на одржливоста можат да се преземат различни мерки што ја зголемуваат населеноста на нашите урбани простори. Поправедна прераспределба на урбаниот простор помеѓу сите жители, префрлање на приоритети од автомобили на јавен превоз, велосипедисти и пешаци, ќе ја зајакне еднаквоста, инклузивноста и ќе обезбеди безбеден простор за движење на децата самостојно. Зајакнувањето на зелената урбана инфраструктура ќе ја подобри адаптибилноста кон климата, но и ќе ја интензивира врската помеѓу жителите на градот и природата. Оваа поврзаност го поттикнува управувањето со природниот свет и може да има ефект во значително подобрување на менталното и физичкото здравје. Јавните простори што овозможуваат интеракција ќе ја зајакнат социјалната кохезија и ќе го прошират доменот на за кој се грижиме. За подетални информации за урбаната мобилност и здравствените придобивки од урбаната екологија, прочитајте од 37 до 60 страница од наставната програма.

Активности

Со активности од час број 3 можете да ги поттикнете учениците да дизајнираат одржливи градови. Учениците се распрашуваат за своите очекувања и барања за урбана средина пријателска за деца и конечно да ја реализираат нивната визија преку лего-модел на згради. Учениците се обучуваат да размислуваат за статус кво градењето во градот и да развиваат стратегии да го трансформираат градскиот простор да биде попријателски за децата. Пронајдете ги активностите од 56 до 82 страница.

Галерија

Инспирирајте се од она како учениците од Македонија, Португалија, Данска, Кипар и Германија го замислиле одржливиот град на иднината. Посетете ја нашата галерија за модели изградени со лего-коцки што покажуваат резултати од нашите активности спроведени во минатото. Ако сте ги користеле активностите за вашите часови и сакате да ги инспирирате другите, добредојдени сте да придонесете во галеријата. Испратете ги вашите слики со информации за тоа која активност сте ја правеле и во кој контекст на activity@youngsters4ecocities.eu.

Квиз

Тестирајте го вашето знаење за оваа тема со нашиот квиз. За самооценување обидете се да одговорите на прашањата пред и по читањето на целосниот модул.